Во Кочани се продолжува со собирање потписи за Петицијата “НЕ за родовата идеологија во училиштата, актите и документите во Општина Кочани”. Собирањето на потписи се одржува пред зградата на водостопанство
од 15 часот.
На првиот ден од собирањето на потписи се потпишале вкупно 430 лица.
Здружението на родители Родителски фронт како примарна цел на своето дејствување ја поставува заштитата на децата од родовата идеологија и индоктринација во училиштата и актите и документите во Општините ширум Македонија.
Преку тенденциите на родовите идеолози и пропагандисти да се наметне ова зло како секојдневие кое ќе ги наруши нашите традиционални семејни вредности и ќе го наруши ликот на она кое ни е пренесувано од колено на колено, се создаваат услови за Фронт во кој родителите ќе застанат во првата борбена линија за одбрана на своите деца.
РФ се противи остро на новите штетни концепции во образованието во кои на перфиден начин ја туркаат родовата идеологија, настојчиво и преку обидите за донесување на противзаконитите и противуставни Закон за родова еднаквост и Измени на Законот за матична евиденција.
Затоа, не само родителите, туку и бабите, дедовците, вујковците, тетките и сите разумни, самосвесни и свесни граѓани велат гласно НЕ на родовата индоктринација која ќе го поремети со векови востановениот природен наш светоглед.
Во неколку градови и општини, Советите при Општините ги отфрлија овие несреќни термини на родовата терминологија и идеологија и застанаа на наша страна. Тоа се: Ново Село, Василево, Босилово, Дојран, Гевгелија, Охрид, Свети Николе, Куманово, Струмица. Многу други општини веќе се во чекор зад именуваните кои се спротивставија на ова зло. Петицијата НЕ наиде на силен оддек и поддршка во Кочани, засега се собрани 2500 потписи и продолжуваме понатаму!
Примерот на Кочани апелираме да се рашири во сите останати македонски градови!
Да се обединиме сите заедно, и да се преброиме колку не’ има, на оваа и на другата страна.
Да видиме што мисли и сака народот во Македонија!
Да не дозволиме да ни се протурне родовата идеологија за која се залага шака народ потпомогнати од родови идеолози кои гравитираат како сателити во власта.
Затоа што се работи за нашите деца, велат од Родителски Фронт.
Валентина Ѓорѓиевска Парго
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.