Со свечена гала церемонија која се одржа во уметничката галерија Вокер веднаш до култната сала Свети Џорџ во Ливерпул, синоќа 7 мај 2023 година беше официјално отворена евровизиската недела, која се случува во Ливерпул, Велика Британија.
Новинарите и акредитираните евровизиски претставници од 37-те натпреварувачки евровизиски тимови од Изборот за песна на Евровизија 2023 година пристигнаа и парадираат на Тиркизниот тепих . Тие беа во живо интервјуирани од Тимур Мирошниченко (украински коментатор на Евровизија/домаќин на Евровизија 2017) и Сем Квек. На церемонијата на отворањето, градоначалничката на Ливерпул, Џоан Андерсон и официјални лица од BBC, UA:PBC и градот Ливерпул официјално ги пречекаа земјите учеснички на Евровизија 2023 година. Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе се одржи во M&S арената во Ливерпул на 9, 11 и 13 мај.
Минатата година во Торино победи украинските преставници “Калуш оркестра” со песната “Стефанија”, но поради безбедносни причини организаторот ЕБУ Евровизијата 2023 ја смести во второпласираната земја.
Познато е дека Македонија не учествува, по минатогодишниот пех со претставничката Андреа Коева, која при фотографирање на свечениот килим го фрли македонското знаме на под, а јавноста реагираше бурно сметајќи дека истото го потценила пред очите на светската јавност, МРТВ одлучи годинава да не праќа претставник.
Фото: eurovision.tv