Амбасадата на Италија во Скопје организира Национална конференција за италијански јазик под наслов „Италијанскиот јазик: еден јазик, многу можности“ која ќе се одржи во Тркалезната сала на Ректоратот на УКИМ во Скопје, во понеделник, 8 мај.
Конференцијата ќе ја отворат Ректорот на УКИМ и Министрите за образование и за култура на РСМ, заедно со Амбасадорот на Италија во Скопје, а во трите панели ќе земат учество со свои излагања бројни истакнати претставници на образовните и културните институции, на општините и локалните заедници, како и познавачи и љубители на италијанскиот јазик од повеќе професионални области.
Конференцијата има за цел да направи пресек на состојбите во наставата по италијански јазик во Република Северна Македонија, пет години по официјалното воведување на италијанскиот јазик како втор задолжителен странски јазик во програмата за основните и средните училишта во земјава. Конференцијата ќе се осврне и на бројните можности кои познавањето на италијанскиот јазик ги нуди на професионален, културен и академски план, како во земјата, така и во странство.
Настанот ќе се одвива на италијански и македонски јазик, со симултано толкување.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.