И во Струга настан по повод 5 Мај

Во чест на 5 мај, Денот на македонскиот јазик., НУМ „Струшки вечери на поезијата“ и НУ
Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Паркот на поезијата во Струга, со почеток
во 11 часот, заеднички организираа свечен настан со кој се одбележа овој значаен датум.
Во рамки на Програмата на настанот, беа прочитани фрагменти од книжевни дела што ја
отсликуваат генезата и развојот на македонскиот јазик од почетоците до современиот миг.
Во уметничка интерпретација на членовите на драмското студио МИЛАДИН: Ристе Миладин,
раководител на студиото и директен потомок по машка линија на Димитрија Миладинов,
како и Ива Шајноска и Милан Блажески,беа прочитани извадоци од делата на Кирил
Пејчиновиќ, Јордан Хаџи Константинов Џинот, извадоци од Зборникот на браќата
Миладиновци, извадоци од делата на Марко Цепенков, Крсте Мисирков, Ристо Крле, Славко
Јаневски, Владо Малески, Блаже Конески, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Анте Поповски,
Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Светлана
Христова Јоциќ.
Во најавата беше истакнато дека „Овие извадоци, иако се фрагменти од некои од
најзначајните дела напишани на македонски јазик, се само мал дел од богатото творештво.
Извадоците се претежно поетски фрагменти, бидејќи поезијата е највисок израз на духот на
јазикот. “

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.