Битола
Втори Мај, 2023
На 05 Мај 2023 ќе се одржи убав настан во Кино Манаки – КИЦ Битола 18 часот. Влезот е слободен. Зајакнување на независната музичка сцена е мини проект на фестивалот „Локум фест-музика и традиција“ поддржан од партнерската мрежа на балкански фестивали MOST како дел од поголем проект поддржан од Creative Europa.Тоа е еден од петте региоални мини проекти кои има за главна цел зајакнување на капацитетите на независните музички артисти, нивно мапирање, поддршка и промоција и креирање на подобри локални културни политки за оваа целна група. Во рамките на овој мини проект ќе биде подогната и веб страница за независната музичка сцена на Битола, ќе се оддржат работилници за музички менаџмент и градење културни политики во овој сегмент.
Прв од овој сет на активности е работилницата за музички „букинг“ со музичарот Сашо Поповски. Наскоро ќе следат и работилници за промоција, продукција и настапи во живо.
„Како до успешен букинг“ со Сашо Поповски
Сашо Поповски е музичар кој се уште го живее сонот од младоста – на сцена со гитара во
раката! Од почетоците со рок групата Fax, преку љубовта кон блуз музиката и клубските
свирки, до магистер и редовен професор на Универзитето Гоце Делчев – Штип (џез оддел) ,
денес е еден од нај реномираните – активни џез гитаристи кој настапил на бројни Европски
фестивали. Снимил шест албуми .Го основал и успешно го води единствениот џез фестивал во Битола Jazz Factory Festival веќе 6 години.
***
Тони Соколов, познат под уметничкото име Солза е роден во Битола. Неговите уметнички
способности и хоризонти го одвеле во Австралија . Како сестран уметник во различни дејности се занимава со цртање, сликање, вајарство, монументално вајарство во бронза, мозаици, па се до архитектура.
Збирката од дваесеттина пејсажи се создадени како одраз на визуелната реалност и неговите лични идеи. Уметничкиот набој за создавање на цртежи, ги акумулира и црпи од поезијата на поетот Анте Поповски, одгатнувајќи дека, поезијата е дарба на душата, а не на учењето.
“Во тој невозможен простор открив засадена реалност,помеѓу езерото и небото, апстракција и рефлексите, наспроти исконската светлина, распространета врз големите водени простори.
Позицијата пејсажи се израз на моето талкање низ светот, талкање по непознатото, за да ја
надградам и извадам на виделина на дофат на гледачите, симпатизерите, љубителите на
моите уметнички дела…“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.