26 април 2023 година
И годинава, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија со два ученика беше дел од Меѓународниот фестивал „Полихимниа 2023“ во Скопје, постигнувајќи високи резултати. Имено, Јована Кочева од класата по виолина на професорката Соња Панова ја освои Првата награда, додека Благоја Стоев од класата по пијано на
професорот Александар Лазаров ја освои Третата награда.
Раководството и колективот на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија им честиташе на учесниците и нивните ментори за постигнатите резултати, а, исто така, упатија благодарност и за корепетиторот професор, Владо Сапламаев.
Несомнено, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија е расадник на музички таленти, докажувајќи го својот квалитет во музичкото воспитание на децата со освојувањето на високите награди на државни и меѓународни натпревари.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.