Илијана Каракочева (Бугарија) Licentia poetica
Уредник-Филип Димкоски
Илијана Каракочева-Ина Крејн е современа бугарска писателка, поетеса и литературна критичарка. По професија е филолог. Специјалист е по бугарски јазик и литература. Зборува неколку јазика. Автор е на збирки раскази, три романи, збирки поезија, есеи и литературни критики. Како автор, наградувана е на регионални, национални и меѓународни конкурси. Правецот во кој твори се нарекува балкански магичен реализам. Мислите што ги запишува и визуелно ги претставува со цртеж.
А утре е Голгота, сакан мој!
Ноќта очите си ги исплака како мене,
ја поткупив стражата-да се спасам
судбата ни вреска, дека нема време.
Ах, утре е Голгота! Да вјасам!
Душава те моли како ветер
под крстот нов, космичко дрво.
Не станувај дел од стариот театар!
светот не го заслужува твојот гроб.
Твојата душа ме прегрнува
ти пак бираш да си бел херој
а мојата љубов бира безвременост
До другата Голгота, сакан мој!
Сончев отров
Љубовта е сончев отров
го пробива срцето на смртта
со прашинка доза за спас
може чуда да направи.
Прашинка имам денес и сум богата
можам да поминам преку смртта,
тебе ти ја давам јас, оти чудата
се случуваат после распната душа.
Интимно
Очи зелени
Пролетта
Отвори
И погледна
Вљубено
Земјата
Со бакнеж грст
Во небото
се рашири
мирис
на јужен ветар
Смарагдно
Зелените
тополи
со ресичките
трепнаа-
зелено злато
Пролетта
Го прегрна
Небосводот
Жедна
Да започне
Летото.
Избор и препев од бугарски на македонски: Филип Димкоски