“Биди Инклузивен…” во Тетово

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен,
биди ИНклудиран“, кој е финансиран од
Европската Унија, има за цел да
придонесе кон обезбедување рамноправен пристап на децата со попреченост до квалитетна настава и пристапна и стимулативна средина за учење, преку месечни стипендии и образовна поддршка за учениците со попреченост, грантови и обука за
училиштата, како и развивање на јавната
свест.
Овој проект се заложува за квалитетно и инклузивно основно образование со цел секое дете да има еднакви можности за развој, учење и остварување на своите потенцијали.
Проектот го спроведува Фондацијата
„Чекор по чекор“, заедно со своите
партнери Здружението за промоција и
развој на инклузивно општество
„Инклузива“ и Здружението за давање
услуги на лицата со попреченост
„Хандимак“, а вo соработка со Министерството за образование и наука. 
Во рамките на проектот планирано е реализирање на 8 (осум) регионални
настани во форма на панел дискусии во
8те плански региони како дел од третата
проектна кампања за подигање на
јавната свест за важноста од
инклузивното образование.   
 Нов регионален настан ќе се одржи во Општина Тетово, на 26 април 2023 (среда) со
почеток во 11 часот во Општинската
сала во Општина Тетово и истиот ќе биде
со времетраење од 2 часа. 
 На овие средби се поканети
претставници од општините, училиштата,
граѓански организации, општествено
одговорни компании и поединци од
Полошкиот регион. Целта на овие настани
е да се разговара за инклузијата и инклузивното образование, да се
претстават локалните текови на полето
на инклузија, да се споделат активностите и постигнувањата на Проектот, а планирана е и заедничка дискусија за успешните приказни на
полето на инклузијата како и
предизвиците со кои се соочуваат
училиштата, институциите и општините во својата намера да обезбедат инклузивна клима.   
 
 
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.