22 април 2023 година
Концертен аудио визуелен спектакл на сцената на Национална Опера и балет, преточена во музиката во изведба на уметничкиот камерен оркестар “Профундис“ и солистот Сузуки, под диригентка палка на
Ѓурѓица Дашиќ, синоќа беше аудио- визуелно доживување за посетителите на Македонска опера и балет.
„Профундис“ покажа што умее за своите три години постоење, изведувајќи дела од Џими Хендрикс, Палп Фикшн – Мизерлоу, В.Валтон, Д.Шостакович, Офенбах, Попер и Сарасате ќе ја збогати и делото на македонскиот композитор Дарко Илиевски- „Мотус фолклорикус“, напишано специјално за овој настан и посветено на овој камерен оркестар.
Во исто време на сцена со нив и еминентниот виолончелист и професор по виолончело на Факултетот за музичка уметност во Белград, Драган Ѓорѓевиќ -Сузуки, уметник кој меѓудругото студирал во Лондон, каде што свирел со Лондонскиот симфониски оркестар и Кралската северна симфонија, подоцна и со Јанг Чанг Чо во Германија.
Музички коктел, кој делуваше феноменално, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, уметници кои нѐ прошетаа низ повеќе музички меридијани.
Но, она што го направи овој перформанс специјално видео доживување за паметење беа сценски визуелни ефекти во форма на 3Д мапинг, кои цела вечер одеа во заднина и од миг во миг ги менуваа своите анимации, нешто што делуваше сосема импресивно, а потпишани од Милчо Узунов.
Од холивудски филмски музички дела, до дела од македонската богата фолклорна ризница, од класични до современи поп рок дела, беше една одлично вкомпонирана музичка лепеза која синоќа направи да се чувствуваме прекрасно и неповторливо.
Валентина Ѓоргиевска Парго