19 Април, 2023
На сцената во Народниот театар- Гевгелија, дечињата од Драмската секција при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, неодамна, премиерно ја изведоа театарската претстава за деца „Снежана“ во режија на Катица Џишева Дупарова.
Претставата беше поставена според сценариото на Љубивоје Ршумовиќ, со сценографија изработена од Перо Кованцалиев и Александар Јанев, а костимите изработени од Олгица Станојков.
Во полната сала во Народниот театар- Гевгелија, уште еднаш, тринаесетте дечиња од општина Гевгелија го презентираа својот актерски талент, воодушевувајќи ја младата и возрасната публика со пренесените пораки за потребата од љубов, добрина, чесност и одговорност, како најголеми вредности во едно општество, кои Ршумовиќ ги разработува низ драмскиот текст според мотивите на сказната „Снежана и седумте џуџиња“ од Шарл Перо.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.