Избор поезија од современиот македонски поет, романсиер и драматург Стефан Марковски ќе биде претставен во рамки на фестивалот Пронајдени во преводот во Гдањск, Полска.
Изборот насловен Prędkość snu- A Dream’s Pace- Брзина на сонот е објавен на полски,
англиски и македонски јазик, а преводот на полски јазик е направен од Зофиа Дембовска.
Изборот на поезијата на Марковски ќе го промовира полската поетеса Хана Лозовска, а во рамки на истиот настан кој ќе се одржи на 21 април во 13:00 часот во Европскиот центар за солидарност ќе биде промовиран и избор поезија и од современата италијанска поетеса Лаура Капра.
Фестивалот Found in Translation е уникатен книжевен фестивал посветен пред сé на книжевно-преведувачката дејност. Годинава фестивалот ќе се одржи од 20 до 22 април. Наградата за превод „Тадеуш Бој-Желењски“ (Tadeusz Boy-Żeleński Translation Award) која во рамки на фестивалот ја доделува градоначалникот на Гдањск е важно признание за уметноста на литературниот превод и истата се доделува на секои две години на живи преведувачи од странска литература на полски
јазик.
Фестивалот е организиран од страна на Градскиот културен институт (Instytut Kultury
Miejskiej) и Градот Гдањск.
На овој фестивал свое учество зеле некои од најреномираните светски автори и добитници на Нобеловата награда за литература, како Адам Загајевски, Олга Токарчук, Вислав Мишливски, Анджеј Стасјук и други.
Веста е достапна и на официјалниот веб-сајт на фестивалот: https://odnalezionewtlumaczeniu.pl/2023/03/5526/