„Прв пат имаме шанса директно од Ерусалим да го однесеме дома Благодатниот оган, во нашата држава, да го предадеме во МПЦ, и потоа, тој оган ќе продолжи да ни ги осветлува и домовите и храмовите во текот на целата година“, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска пред денешната церемонија на „Преземање на Благодатниот оган“ во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, Државата Израел.О Овае историски чин за македонската држава, за граѓаните и за МПЦ-ОА, се согласија членовите на високата македонска државно-црковна делегација која присуствуваше и на утрената богослужба во храмот на Воскресението во Ерусалим на која чиноначалствуваше Неговата светост, Патријархот Ерусалимски Теофил, во пресрет на големиот празник Воскресение…
Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска истакна дека со Државата Израел ние досега имаме плодна соработка. Таа додаде:„ Соработуваме не само на полето на културата, туку на полето на образованието, а се надевам дека таа соработка и понатаму ќе продолжи во сите сфери за кои ќе покажеме взаемен интерес за размена наискуства. Потребно е да продолжиме да учиме едни од други, да учиме не само во областа на религијата, туку да учиме и во областа на културата, да учиме за хуманоста за човештвото, за победата на животот и за тоа како да бидеме подобри во она што го правиме на секојдневна основа“, рече министерката Костадиновска- Стојчевска во пресрет на големиот чин за православните христијани.