Во организација на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, беше одржан Општинскиот натпревар „Млади библиотекари 2023 година“. На натпреварот, учество земаа 8 ученици од осмо и деветто одделение во гевгелиските основни училишта. Првото место на годинашниот натпревар го освои Теодора Ристова од ООУ „Климент Охридски“- Миравци, под менторство на наставничката Маја Танова, продолжувајќи да се натпреварува и на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари
2023“ година, кој ќе се одржи на 12 мај, во Библиотеката „Искра“- Кочани. Второто место го освои Софија Милосављевиќ од ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, под менторство на наставничката Жаклина Линкова, додека на третото место се пласираше Тијана Ристова од ООУ „Климент Охридски“- Миравци, исто така, под менторство на наставничката Маја Танова.
Од страна на директорот на ЈОУ Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија, Стефан Марковски, на победниците и останатите натпреварувачи им беа поделени дипломи, благодарници и подароци, како и на менторите и стручната жири-комисија која ги оценуваше тестовите, изразувајќи благодарност до нив за учеството и придонесот во успешноста на натпреварот
„Млади библиотекари 2023 година“.
Имено, овој натпревар во Гевгелија за првпат е одржан во 2010 година, со цел да се промовира читањето и стимулираат навиките кај децата за користењето услуги кои ги нуди Библиотеката како јавна установа, а и интересот за професијата библиотекар. Наменет е за ученици до 14-годишна возраст и е годишен. Подготовките за натпреварот ги организира Мими Петкова, вработена во ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.