Обраќање на Владимир Лазаревски, прв обоист и претседал на Синдикатот на Филхармонија
Во моето обраќање ќе се осврнам на три елементи:
1. Зошто одлуката за вдомување на новиот Џез оркестар е погрешна и зошто не можеме да функционираме како два правни субјекти во една зграда.
2. Реакциите и лажните обвинувања на ЗЏМ кон фработените на МФ- спин креиран од еден човек со цел да се изманипулира јавноста.
3. Одговорност на Министерката за култура како главен создавач на проблемот.
***
1. Зошто одлуката за вдомување на новиот Џез оркестар е погрешна и зошто не можеме да функционираме како два правни субјекти во една зграда.
1. Не е возможно два оркестри во зградата да фунционираат како два посебни правни
субјекти. Зградата е проектирана и замислена како објект за работа на еден симфониски оркестар. Секоја просторија е предвидена и осмислена со цел вработените да можат да ги исполнат своите работни обврски. Реално не е
возможно да функционираат две национални устави, два оркестри со годишна програма. ЗЏМ досега реализирале по два три концерти годишно, што е сосема различно од бројот на концерти кои ќе треба да ги реализираат како Национална установа. За да фунционира една институција, па макар таа била во формирање,
потребни се и одредени работни места кои ќе ја подржуваат работата на џез оркестарот за кој ќе бидат потребни дополнителни канцеларии.
2. Реакциите и лажните обвинувања на ЗЏМ кон фработените на МФ- спин креиран од еден човек со цел да се изманипулира јавноста.
2. Во изминатите денови нашата институција е мета на навреди и омаловажувања. Се
обидувавме да не ги коментираме сите навреди, спинови и невистини, но јавноста треба да ја знае вистината. Во ниту една реакција не сме изјавиле дека сме против одлуката за формирање на националниот џез оркестар, напротив го кажуваме спротивното цело време, дека не сме против нашите колеги од џез оркестарот, го подржуваме нивното вработување, официјализирање, ниту сме против против нивни концерти во нашиот објект, за да нема забуна, зборуваме за термин–концерт, не за континуирана работа. Досега правеле два три концерти годишно,
што не е исто со 20- 30 концерти. Исто така невистина е изјавата на нашите колеги
од ЗЏМ и изјавата на министерката за култура дека тие работеле во нашата зграда
седум години. Објектот на Филхармонија во употреба е пет и пол години. Невистина и навреда е изјавата на нашиот колега Џијан Емин дека потписот на административниот работник, или пак хигиеничар, или било кој вработен во МФ не е важен и не треба да е одлучувачки. Во исто време потсетуваме, дека тие вработени ги опслужуваат нив – ЗЏМ кога ги подготвуваат проектите. Најголемиот спин на ЗЏМ и Министерството за култура е дека вработените во МФ се непријателски настроени кон новоформираниот Оркестар за Џез. Почитувани медиуми, доколку се имаше пријателска намера и се градеше пријателска атмосфера, зошто пред да се донесе одлуката за насилно втурнување, никој не ги праша директорката, Управниот одбор и вработените.
3. Одговорност на Министерката за култура како главен создавач на проблемот.
3. Крајно сме вознемирени и разочарани од односот на Министерката за култура г-ѓа
Бисера Стојческа Костадиноска, која што е главниот виновник и одговорна за
денешниот проблем. Донесе одлука за формирање НУ Џез оркестар без претходна
консултација со директор, УО и вработени наметнувајќи „привремени“ решенија
кои ќе створат траен проблем. По потпишувањето на петицијата од 108 вработени
не удостои со средба во кабиентот. Иако на средбата пројави разбирање за нашата
петиција и ВЕТИ дека на првата владина седница ќе ја промени одлуката за
седиштето на Џез оркестарот, не го оствари ова ветување. За епилогот и договореното на оваа средба може да побарате потврда од петте претставници на МФ кои беа на средбата, од директорката и претставниците на ЗЏМ. На средбата беше договорено во интерес на културата да нема дополнителни препукувања по медиумите. Затоа беше МОЛКОТ на МФ, додека ЗЏМ не го одржаа зборот, можеби
по диктат на министерката. За крај ја повикуваме јавно министерката Стојческа
Констадиновска во интерес на културата да ја промени одлуката за вдомување на НУ Џез Оркестар во Македонска филхармонија како што вети на состанокот за наредната владина седница. Доколку не го стори тоа ќе бидеме приморани да бараме одговорност, оставка преку јавни протести. Почитувани медиуми не бараме посебна подршка во оваа наша борба, посакуваме да ја добиеме поддршката од
јавноста само како поддршка за нашата основна дејност – а тоа е КОНЦЕРТНАТА
дејност.
****
Тина Иванова, директорка на Филхармонија
Почитувани,
И се обраќам намакедонската влада, се обраќам на Министерството за култура и на
министерката Бисера Костадиновска – Стојческа, Ви се обраќам вам почитувани
медиуми, во врска со Одлуката – Здружението на џез музичари на Македонија сега Национален оркестар за џез музика, да биде сместен во овој објект и две институции да функционираат заедно под еден покрив.
Пред се, сакам јавно да соопштам, дека ниту јас како директор на Филхармонија, ниту
било кој вработен од Филхармонија, ја имаше информацијата дека новата национална
установа ќе биде сместена во овој објект.
Договори, преговори, состаноци, биле тајна. Со нас, со колективот, со уметниците музичари, со раководителот и Управниот одбор ниту збор. Ниту информација, ниту прашање, ниту разговор, ниту бутур. Да. Зградата е на државата и Филхармонијата исто. Ама не и музичарите, уметниците, ансамблот.
Информацијата за тоа, сите, вклучувајќи ме и мене како директор, ја дознавме на социјалните мрежи преку објава на некои портали.
Но во случајов не е важна непочитта спрема најекспонираната и најуспешна културна
установа во државата која и Ковидот го протурка со фул програма.
Ниту пак овде и сега станува збор за суета. Непочитта не зборува за нас туку …
Станува збор за реалната ситуација и за можностите за евентуално взаемно
функционирање.
Скоро целата институција, сите музички уметници, цела администрација и Управниот
одбор, потпишаа петиција и објавија соопштенија до Владата, Министерството за
култура и медиумите со аргументи зошто не би било добро Националниот оркестар за
џез музика да функционира во зградата на Филхармонија, за што сите сте добро
запознаени. Во истата таа објава сите едногласно позитивно ја поздравивме одлуката за формирање на Национален џез оркестар.
По оваа едногласна размисла на сите вработени во оваа институција, бевме повикани
на состанок од страна на министерката за култура, неколкумина музичари од Филхармонија, јас како директорка и двајца претставници на ЗЏМ, од кои едниот е
вработен во Македонската филхармонија повеќе од 20 години.
На состанокот, министерката за култура, откако и ги објаснивме причините и последиците од ова взаемно функционирање на два сосема различни оркестри, ни ветидека ќе го смени делот во одлуката за сместување на Националниот џез оркестар во домот на Филхармонијата.
Притоа, се договоривме, да не даваме изјави во медиуми до промената на Одлуката, да
не се изјаснуваме на социјални мрежи по ова прашање, за јавноста да не биде погрешно информирана.
Но некои не се држеа до овој џентлменски договор кај министерката. Катадневно во
јавноста пласираа невистини, дезинформираа, јавнаа на бранот на поддршката за институционализирање на ЗЏМ за што ние овде во Филхармонијата и со години се
залагаме и со години ги поддржуваме и со години помагаме вклучително и јас лично.
Непријатно сме изненадени од некои наши пријатели, колеги и соработници за
манипулирањето на јавноста и медиумите.
* * *
Почитувани,
Јас, Тина Иванова, нека кажат претставниците на ЗЏМ, и од времето кога соработував
со нив, од секогаш сум им ја давала мојата поддршка неизмерно и безрезервно. Ги
ценам како уметници и знам дека во нивните редови има фантастични музичари. Бев
на неколку состаноци за да преговарам да им се даде простор, за што имав позитивен
одговор и за Домот на АРМ и за студијата М1 и М2 во МРТВ.
Сега, во овој случај, како директор на Филхармонијата, застанувам зад колективот, зад единствениот став на сите вработени. Не само поради солидарноста туку и поради
нивниот исправен став и реалната потреба Националната филхармонија, брендот на
македонската култура, да не биде предмет на експерименти непримерни за ниту една
филхармонија во светот.
Оваа „филхармониска генерација“ направивме уникатна и високо квалитетна програма,
изведовме грандиозни дела, на сцената стапнаа фантастични диригенти и солисти.
Имавме полни сали и задоволна публика. Така и ќе продолжиме.
Овие уметници се научени и на поинакви околности. Можеме да се вратиме и во
Домот на АРМ, можеме и на отворено и тука сме со потврден квалитет. Пак ќе правиме
концерти.
Сега директорка сум јас, министерката е сега министерка. Утре нема да бидеме на овие
должности ниту јас ниту таа. Но овие луѓе овде, овие уметници, кои сега со право реагираат, и натаму ќе останат да се тоа без оглед на околностите. Но неприродно е да
се прават обиди за создавање услови за едни на сметка на нарушени услови за други.
Така се задира во успешноста и кај едните и кај другите.
И пак, никаде во светот во објект со планска намена за филхармонија не функционира
џез ансамбл.
Еве, тука е дипломатскиот кор, прашајте ги каде е тоа случј. Никаде. И не случајно – никаде.
И повторувам, не отсега, од многу одамна сите застанавме на страната на ЗЏМ, секогаш ја имале нашата безрезервна и професионална и другарска поддршка.Патем, наспроти обидете за извртување на фактите во јавноста, секогаш им биле отворени филхармониските сцени за нивни концерти.Но функционирање на два национални оркестри со сосема различна програмска и естетска концепција е неспоива состојба на што всушност реагира и целата Филхармонија.
* * *
Почитувани,
Националната филхармонија ја слави музиката. Наредната година колективот ќе го
одбележи големиот јубилеј – 80 години од формирањето на Македонската филхармонија а утре е нашиот концерт „Благден“. Под палката на маестро Вања Николовски Ѓумар ќе биде изведено едно од најграндиозните дела во историјата на класичната музика, Петтата симфонија од Густав Малер. Концертот почнува во 20 часот. Сите сте добредојдени.
=================================
Зорица Каракутовска – претседателка на Управен одбор на Филхармонија:
Информација дека новоформираниот “Оркестар за џез музика” ќе биде просторно сместен во објектот на НУ Филхармонија ја дознавме од медиумите и сите не најде затечени и
изненадени бидејќи пред донесување на ваквата одлука никој не се обрати до НУ
Филхармонија да ја констатира фактичката состојба и искористеноста на просторот во
објектот.
Управниот одбор закажа итна вонредна седница која се одржа на 25.3.2023 (сабота) и на која се донесе одлука и се испрати протестно писмо адресисирано до Премиерот на Владата и Министерката за култура. Во писмото накратко го образложивме проблемот и неможноста за функционирање на две институции под ист покрив, пред се поради фактот дека просторот е веќе целосно искористен и окупиран.
Воедно во писмотпо ги поканивме Премиерот и Министерката да дојдат на состанок во
НУ Филхармонија и на лице место да извршат увид.
На редовната седница на УО одржана во среда на 29.3.2023 повторно упативме молба и
барање за средба со Министерката. До денеска оваа средба не е реализирана.
Во медиумите се пласираат невистини дека ЗЏМ веќе 7 години работи под исти кров во
просториите на Филхармонија. Оваа информација вчера во изјава ја пласираше и
Министерката за култура, која не треба да се поведува по манипулациите кои и се
сервираат како информации туку треба да бараат факти.
Фактите се дека Филхармонија се наоѓа и делува во овој објект од 2017г., значи не се 7
години, дека ЗЏМ во сите години на постоење досега имала 10 прокти кои ги реализирала
во концертната сала и како и за секој надворешен проект им е обезбедено да имаат една или две проби непосредно пред концертот. Во март 2021 ЗЏМ се обратил со барање своите редовни проби да ги одржува во Филхармонија и УО, исто како о денеска,
одговорил дека нема простор и можност да излезе во пресрет на ваквото барање.
Во изјавата за еден медиум вчера Министерката вели: “Не е добро една убава приказна да се претвори во ноќна мора за културната сцена”. Во потполност се согласуваме со неа и сметаме дека во годината во која Филхармонија треба да се подготвува за чествување на 80 годишен јубилеј не треба својата енергија и време да го троши за да си го зачува својот
интегритет и работен простор.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.