РРОМА организира изложба во Музеј на Македонија

Свечено отворање на изложбата „Расна дијагноза: Циган”- нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање.

Настанот ќе се одржи на 12 април 2023 година (среда) од 11.30 до 13.30 часот во Национална Установа Музеј на Македонија (https://museum.org.mk/), ул. Јосиф Михајловиќ, бр. 7, Скопје).

Во организација на Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација, РРОМА.

Во НУ Музеј на Македонија, Скопје, Свечено отворање на изложба: „Расна дијагноза: Циган“ – нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање, организирана од страна на РРОМА во соработка со Централниот Совет на германските Синти и Роми, Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми и земјите од

11.30 – 12.00 – Воведно обраќање и поздравен говор

-Претставник од Влада на Република Северна Македонија

– Г-дин Ото Граф, Вршител на должност ад интерим- Германската амбасада

-г-ѓа Емина Шемо – Управа за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на з заедницата

-г-дин Емран Елмази – Директор на Документациониот Културен Центар на германските

Синти и Роми

– г-дин Мустафа Јакупов – директор на РРОМА

12:00 – 12:30 – Тура со водич

12:30- 13:30 – Разгледување на изложбата

На настанот се поканети: Премиерот на Република Северна Македонија г-дин Димитар Ковачевски; Евромбасадорот Дејвид Гир – Шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија;п претставнициод Амбасадата на Сојузна Република Германија; претставнициод Амбасадaта на Соединетите Американски Држави; ппретставницина Централниот Совет на германските Синти и Роми од Германија; претставници на Документациониот Културен Центар на германските Синти и Роми од Германија.

Фокусот на изложбата е Геноцидот извршен од нацистите врз Синтите и Ромите за време на Втората Светска војна, не информира Урмета Арифовска  – Заменик директор  на РРОМА – Кратово.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.