Кординаторите на проектот “За подобрена инклузија” Александар Петровски, Арсенија Дејаноска Сарагинова, како и претседателот на здружението ЗЕОООП Александра Петровска остварија средба со директорката на ОУ˶ Александар Македонски”, Маја Буклеска, на која направија интервју во однос на мониторираното прашање за модернизирани инклузивни училишта со лифтови за ученици со попреченост.
Буклеска истакна дека: “Инклузивното општество е насочено кон почитување на човековите права, обезбедува поддршка и за најранливите групи. Тоа од аспект на воспитно образовен процес подразбира вклучување на учениците со посебни потреби во редовните паралелки во училиштето и во заедницата преку прилагодување на образовните содржини, примена на различни пристапи, организација и стратегии за да се овозможи квалитетно образование за сите. Инклузивното образование подразбира дека сите деца, се вклучени и се прифатени, со особено внимание на децата што може да бидат маргинализирани, дискриминирани или исклучени од образовниот систем“.
Таа во понатамошното излагање на состојбите и ставовите меѓу другото истакна дека ООУ ” Александар Македонски ” од општина Аеродром е училиште кое инклузијата ја става во врвните приоритети и во училиштето постои можност за поставување на лифт за учениците со попреченост и за истиот е подготвен предлог проект.
-“Секаде во светот овие лифтови се задолжителни што како добра пракса може да се примени и кај нас. Обезбедувањето на лифт ќе овозможи непречено следење на наставата од лицата со попреченост, слободно движење, независност во функционирањето, со што ќе се подобри и квалитетот на воспитно-образовниот процес на овие ученици. Сите ученици треба да имаат еднакви услови за образование, за кои сме одговорни да им ги обезбедиме.“- со овие ставови го заокруживме разговорот со директорката Маја Буклевска.
Иновативната иницијатива “До зголемена инклузија” се спроведува во рамките на проектот “Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија”на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).
Овој текст е изработен во рамките на проектот “Поддршка за изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини во овој текст не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.
https://electoralreforms.mk/single-initiative-2022/?ID=4607