Меморијалната соба на Мустафа Кемал Ататурк во Битола

muzei

Деновиве во Битола Турската заедница ја одбележа годишнината од дипломирањето на творецот на современа Турција во Битола -Мустафа Кемал-Ататаурк. Тоа беше поводот да ја посетиме неговата Спомен соба и да откриеме неколку факти за оваа импозантна личност.

Мустафа Кемал бил роден во Солун  во 1881 година Неговиот татко бил Али Риза Ефенди а мајка му Zübeyde Hanim. Неговиот дедо Хафиз Ахмед Ефенди од страната на татко му ,бил од  номадско племе овчари од Анадолија , кои се населиле од Коња и Ајдин во Коџаџик во Западниот дел на Македонија во XIV-XV век. Неговата мајка Zübeyde Hanim била од  старо турско семејство кои се населиле во градот Langaza во близина на Солун.

muzei

По дипломирањето во Средното воено училиште во Солун, Мустафа Кемал се запишал во  Битола  во Средното воено училиште , во 1896. Бил меѓу најдобрите ученици во Битола а по завршувањето продолжил со своето образование во Воената Академија во Истанбул.

Мустафа Кемал Ататурк,( седи втор од лево)Веројатно Истанбул ~ 1902

 

Тој се вратил повторно во Битола во 1907 година,  и бил поставен  за Виш капетан на  3-тата  армија . Од  Битола  бил префрлен во Истанбул во 1909 година
Како резултат на неговите успеси, тој брзо напредува  во воената слуѓба  и гради политичка кариера и во 1923 година Кемал Ататурк е избран за прв претседател на Република Турција. Тој служел како претседател до неговата смрт во 1938 година.

muzei

Неговото презиме, Ататурк ( “Татко на Турците”), му беше доделена во 1934 година.

Спомен собата во Музејот во Битола, претставува збир на објекти и печатени материјали кои го прикажуваат животот и работата на големиот турски реформатор.
Она што е особено важно за посетители, е оригиналната зграда во која Мустафа Кемал учел, и исто така пријатна прошетка низ Битола, ќе се открие голем број на објекти од тој период.

muzei

Една таква посебна зграда е домот на Елени Каринте, која според локалната легенда била голема љубов на Мустафа Кемал Ататурк.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.