Театар Комедија ја најавува својата прва премиера во 2023 година за вторник, 11. април.
Се работи за праизведба на пиеса со наслов „Веќе не е ни смешно“ на авторот Сашо Кокаланов, а во режија на Срѓан Јаниќиевиќ. „Веќе не е ни смешно“ е црна комедија за комедијата денес. Пиеса што ја прикажува приказната за еден комичар кој запаѓа во депресија зашто сите почнуваат да му го јадат лебот. Хуморот, неговиот занает, станува задолжителен, излитен и банален. Комичарот се
наоѓа помеѓу чеканот и наковалната: од една страна свет во кој сите се смешни и имаат
слобода да го истурат својот лош хумор секаде околу себе, од друга страна цензорското око на збудалената политичка коректност. Како да
продолжи да твори фрлен среде океанот на универзалната смешка и со врзани раце и нозе од cancel-културата.
Комедијата на Кокаланов е инспирирана од „Човек што плаче од смеење“ на Фредерик Бегбеде и „Човекот што се смее“ на Виктор Иго. Во неа ќе препознаете и алузии на филмот „Џокер“ на Тод Филипс; на тажниот живот на големите мајстори на хуморот, како Робин Вилијамс, но, за жал, и на „кловновите“ околу нас, кои безмилосно ја освоија сцената
на смеата.
Костимограф на претставата е Лидија Георгиева, сценографијата е на Марија Ветерова, музиката е на Игор Василев- Новоградска, од останатите соработници автор на плакатот е Мартина
Петровска, фото- Кире Галевски и видео – Машина продакшн и светло- Илија Тарчуговски.
Играат: Атанас Атанасовски, Тино Костадиновски, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Жаклина Петровска и Виктор Арсов
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.