Денес, 7 април 2023 година, во МКЦ ќе се случи промоција на вториот албум на Владимир Кесковски Диџеј Кеско, на која младата уметница Тања Кесковска ќе се надоврзи со изложба на свои уметнички дела.
“Магично поврзани”, вели таа за нивната заедничката презентација.
Оваа креативна уметничка и млада брачна двојка, освен што на јавноста за прв пат официјално ќе ѝ ги претстави своите музички и ликовни изработки, ќе го претстави и својот концепт како и своите идни планови.
На Кеско, кој е исто така и позната каратист, ова му е втор музички албум, музиката што ја компонирал како тинејџер, пред неколку години била издадена од издавач во Лондон. Со вториот следуваат низа активности во земјава и во странство.
DJ Flooder и Kronom ќе бидат специјални гости, на журката која почнува во 22.22 часот во Денсинг салата на МКЦ.
Влезниците чинат 300 денари.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.