Во рамките на споредната програма на шестото издание на Џез Фабрика Фестивалот – Битола 2023, е и изложбата на фотографии под наслов “5 години Џез Фестивал во Битола“ на авторот Даниел Ѓурчиновски.
Истата ќе биде презентирана оваа сабота, на 8. Април со почеток од 12 часот, во Културно информативниот центар – Битола.
„Даниел е нашиот идеен творец, дел од тимот кој го создаде фестивалот и секако наш арт директор“, истакнуваат организаторите на фестивалот.
Изложбата е и во рамките на годишната програма на ЈОУ КИЦ Битола и истата содржи автентични фотографии од музичките настапи на џез музичарите кои во изминатите пет години настапиле на битолскиот џез фестивал „Jazz factory fest“.
Главната, музичката програма оваа година ќе се одржи од 13 -ти до 15- ти април со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство.

Фестивалот ќе биде отворен со настапот на Баба Сисоко од Африка, Тони Китановски од Македонија и Васил Хаџиманов од Србија.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.