Промоција на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази во КИЦ на РСМ во Софија

На 4 април (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18.30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази, која излезе во превод на бугарски јазик како издание на издателство КВЦ.

Роман за животот, кој е сплет од страдања, радости и грижи кои го придружуваат човекот и го градат како личност.

Книга за љубовта и традициите, за односот меѓу генерациите и пренесувањето на моралните и духовните вредности.

Длабоко човечка приказна фокусирана околу еден млад човек кој се бара себеси.

На седумгодишна возраст молња поминува низ Јон и тоа му дава необични видувања – гледа работи со кои ќе се сретне години подоцна. Момчето се претвора во млад човек кој ќе ги доживее своите први љубовни трепети, а подоцна мора да стане сопруг и татко…

_ _ _

Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог. Роден е во Тетово 1964 година. Носител е на многу награди како театарски актер. Има и незаборавни улоги во киното (тој ја играше главната улога во The Forgiveness of Blood, во режија на Џошуа Марстон и освои „Сребрена мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал во 2011 година). Автор е на два романи како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност има обучено многу од актерите, кои моментално играат на театарските сцени во Северна Македонија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.