Меѓународниот детски фестивал “Распеано детство 2023” ќе се одржи по 18-ти пат во Куманово. Фестивалот е од меѓународен карактер и се очекува учество на дечиња од Србија, Албанија и Бугарија. На фестивалската сцена до сега продефилираа многу дечиња и се изведоа многу песнички. Сепак она што останува е дружењето и пријателствата стекнати за време на фестивалот.
Фестивалот се одржува на Први Јуни по повод светскиот ден за заштита на правата на детето.
Фестивалот е во организација на “Етно Ризница”, а е дел од програмата за културни манифестации поддржани од Советот и градоначалникот на Општина Куманово. Пријавувањето е во тек.
Сите кои сте заинтересирани може да се јавите на: 070 67 18 15
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.