Зоран Кесиќ за прв пат во живо пред скопската публика со неверојатното шоу „Приказни и песни“ доаѓа на 24-ти април во Македонска Филхармонија!
По 6 години и повеќе од 50 настапи на 3 континенти овој хумористично- сатирично- музичко- политичко- едукативен спектакл Таксират фестивал заедно со Скопје Комеди го носат и во Скопје!
Зоран Кесиќ е српски комичар, политички коментатор, новинар, еден однајпопуларните, ако не и најпопуларниот ТВ водител во целиот регион.
Тој е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести“,„Дезинформатор“, „Фајронт република“ и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија „24 минути“. „24 минути“ е една од ретките политички сатири што можете да ги видите на телевизија, кои се занимаваат со дневните настани во регионот.
Зошто „Приказни и песни“? Затоа што Зоран Кесиќ зборува и пее! Зошто неверојатно шоу? Затоа што ниту една претстава не е иста!
Во целовечерната изведба тој разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација. Секоја е обоена според местото на изведбата, моменталниот амбиент и моменталното расположение на изведувачот, и секој е единствен настан кој во таа форма ќе се случи тогаш и никогаш повеќе.
Билетите се веќе во продажба онлајн на mktickets.mk и во нивната продажна мрежа.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.