Комедијата ,,Обвинителка” чиј автор е Огнен Неделковски во среда, 29.03.2023, ќе ја има својата премиера. Ова е праизведба на текстот на Неделковски.
,,Обвинителка” ја отсликува денешница на еден многу суптилен начин. Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение?
Претставата е плод на меѓународна соработка на македонски уметници со уметник од Србија.
Оваа е прва претстава во која се зборува на македонски и српски јазик.
Главната улога, односно улогата на обвинителката ја игра српската актерка Лидија Вукиќевиќ, улогата на Сирма ја игра Магдалена Ризова- Черних, а улогата на Пепито ја игра Сашо Ристовски.
Ристовски покрај тоа што игра во оваа исклучително добра комедија, тој ја потпишува и режијата на претставата.
Сценографија е на Крсто Богојевски, костимите на Елена Лука, а музиката на Мишел Трајковски.
Овој театарски проект е поддржан од: – Министерство за култура, НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов”- Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Тикен Холдинг, Елена Лука, НУ Музеј на македонската борба за самостојност.
Првата реприза е закажа во четврток во Центарот за култура во Куманово, а веднаш следуваат гостувања во Центарот за култура во Охрид и во Битола.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.