На големата сцена на Националната опера и балет на 28 март 2023 со почеток во 20.00 часот ќе се изведе обновената балетска претстава „Заспаната убавица“ од Петар Илич Чајковски.
Втората изведба е закажана за 12 април 2023 во 20 часот.
Премиерно, балетската претстава
се одржала во 2011 година во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери.
Под диригентската палка на Бисера Чадловска, во кореографија на гостинот од Украина Виктор
Јаременко, асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки од Србија, светло дизајн е Милчо Александров, концерт-мајстор, Јане
Бакевски, соло виолина: Климент Тодороски
Во главните улоги на 28 март ќе настапат: Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименз Руиз (Шпанија), Ивана Коцевска, солисти и балетскиот ансамбл во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
Во главните улоги на 12 април ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовска, Франциско
Хименз Руиз (Шпанија), Наташа Трендафилова Гицев, солисти и балетскиот ансамбл во
придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
Безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски ја воодушевува публиката на најголемите светски сцени повеќе од 100 години. Сложените варијации, брилијантната изведба и чистата класична техника го прават овој балет од бајките врвен балетски бисер.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.