Утре, 28 март 2023 година (вторник) Сојузот на Стопански комори на Македонија, предводени од Претседателот г-дин Трајан Ангелоски заедно со членките на Сојузот ќе имаат работна средба со главниот извршен директор на Македонска берза АД г-дин Иван Штериев и неговиот тим. Целта на средбата е бизнисите одблиску да се информираат за можностите што ги нуди Берзата и македонскиот пазар на хартии од вредност, подетално да се запознаат со условите за котација на Берзата и моменталните пазарни сегменти, односно да го проследат берзанското тргување во живо и да видат како се склучуваат трансакциите со хартии од вредност.
Овој настан којшто се одржува по повод првиот ден на тргување на Македонска берза (28 март 1996 година) е активност во рамките на веќе потпишаниот Меморандум за соработка меѓу Берзата и Сојузот на Стопански комори и има за цел да го поттикне бизнис секторот своите инвестициски проекти да ги реализира и преку пазарот на капитал. Настанот е во заедничка организација на Берзата и Сојузот на Стопански комори и претставува почеток на поинтензивна меѓусебна билатерална соработка во наредниот период.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.