Државното музичко училиште Битола со уште еден културен настан за поздравување. Имено по повод „Светскиот ден на пијаното“ оваа Среда на 29.03.23 од 10 до 19 часот. во Свечената сала на Офицерски дом – КИЦ Битола ќе се одржи „Пијано маратон“.
На програмата се три големи концерти:
10.00 часот за најмалата публика од градинките
12.00 часот за децата од училиштата
19.00 часот Свечен концерт
-Ве очекуваме заедно да уживаме во звуците на пијаното и да ги бодриме најмладите таленти и идни професионални изведувачи кое професорите од ДМУ Битола со огромна љубов и умешност ги подготвуваат, поканува организаторот КИЦ.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.