25.03.2023, Скопје
Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и косопственик на компанијата „Ариљеметал” учествуваше на деветтото издание на Меѓународниот саем за индустрија на сврзувачки елементи во Штутгарт Германија. Овој настан е меѓународна трговска изложба на производители, трговци на големо, дистрибутери и добавувачи на технологија за прицврстување, која обединува повеќе од 1.000 изложувачи кои доаѓаат од сите краеви на светот. Настанот ги опфаќа сите области од индустријата за прицврстување и обезбедува вистински увид во трендовите во оваа индустриска гранка и клучни информации за најновите случувања и трендови во секторот.
Присуството на меѓународни манифестации е неопходно за раст и развој на бизнисите истакнува Ангелоски како и можност за споредба со конкуренцијата. „Ариљеметал” како реномирана компанија секогаш била присутна на најзначајните саемски манифестации, како што е оваа во Штутгарт од која пред пандемијата бевме дел секоја година, како и на саеми во Австрија и Швајцарија. Имавме можност да ги видиме најновите достигнување во областа во која работиме, да реализираме средби со нашите долгогодишни деловни партнери, но и да оствариме нови контакти кои имаат висок потенцијал за станат дел од листата на редовни купувачи на нашите производи. Присуството на македонските компании на овие настани е потврда и доказ дека тие работат високо професионално и можат да ги исполнат светските стандарди за квалитет и да не направат горди на слоганот „Made in Macedonia”, вели Ангелоски.
Компанијата „Ариљеметал” се занимава со производството, трговијата и развојот на врзувачките елементи и на саемот се престави со комплетна палета на производи како завртки, навртки, подлошки и сите видови машински делови – по цртеж или примерок, наменети за различни области на индустријата , инженеринг, градежништво, производство и многу други.
Претседателот на Сојузот истакнува и дека на саемот компанијата која ја води беше единствен изложувач од регионот на Западен Балкан и Југоисточна Европа што задолжително треба да се промени преку обезбедување на соодветна поддршка за компаниите за зајакнување на нивната конкурентност и меѓународно преставување.
„Сметам дека ефектите од овие позитивни примери би биле уште подобри за домашната економија доколку државата обезбеди адекватна програма за претставување на економските потенција на нашите компании во странство. Економската дипломатија е многу значајна и таа мора да го одработи својот дел за да може да се меѓународно да се препознае неискористениот потенцијал и врвниот квалитет кој може да го понудат домашните компании”, истакнува Ангелоски.