По повод Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Македонија, Општинската организација на Црвениот крст во Гевгелија организира уште една граѓанска крводарителска акција под мотото: „Заеднички да направиме крвта да го чека болниот, а не болниот да чека крв“.
Крводарителската акција ќе биде одржана на 17 март, 2023 година, во просториите на Народниот театар- Гевгелија, со времетраење од 10 до 16 часот.
ОО Црвен крст- Гевгелија ги повикува сите граѓани од општина Гевгелија да земаат учество, пријавувајќи го својот хуман гест на телефонските броеви: 077 750 120 и 077 699 036. Имено, Црвениот крст на Македонија е формиран на 17 март, 1945 година, а како самостојна невладина организација делува од 21 мај, 1992 година. Црвен крст на Македонија од Меѓународниот комитет на Црвениот крст е признат на 1 ноември,1995 година, а во Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 ноември,1995 година, како 169 членка.
Одбележување на годишнината од формирањето на Црвениот Крст во Македонија
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.