Македонскиот КИЦ во Тирана промовираше млади сликари од двете земји

11 Март 2023

Вчеравечер во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, се отвори заедничка изложба на млади сликари од Република Албанија и Република Северна Македонија.
Со свои дела се претставија Риза Зибери, Матео Ордев, Ералд Незај, Ренид Тосуни, Самела Балази, Ерисаида Веизај, Беса Мустафаи, една нова генерација на уметници, растеретена од историски тежини.
„Независно што синоќа беше врнежлива ноќ во Тирана, имаше многубројна млада публика, која возбудено доаѓаше во нашиот КИЦ да ужива во убавините на овие млади уметници. Сликарите се претставија секој со по три слики, најмладиот од нив, Матео Ордев има 12 години“, изјави директорот на македонскиот КИЦ во Тирана, Златко Ориѓански.
Ориѓански најави дека наскоро, во организација на Културно-информативниот центар во Тирана во главниот град на Албанија ќе гостува на Битолскиот театар, со што за првпат во историјата на двете земји ќе биде изведена претстава на македонски јазик.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.