Оперската дива од Бугарија, сопранот Александрина Пендачанска, на 8 март 2023, одржа гала концерт во Националната опера и балет, заедно со свои гости -други оперски пејачи.
Таа на публиката во салата и се заблагодари за топлиот прием и рече дека за неа беше голема чест што настапи во Скопје, од каде, рече, има потекло.
Дивата, заедно со гости- солисти, исполни оперски арии од големите мајстори на класиката- Бах, Моцарт, Бизе, Верди, Росини, Леонкавало, Џордано и други, под диригентство на маестра Бисера Чадловска, а концерт- мајстор Климент Тодороски. Со соло изведби настапија и солистите: Ралица Богданова (сопран) и Марјан Јованоски (баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет.
На влез на гостите им беа бесплатно поделени и цедиња од оваа оперска дива.
Инаку, зад завесите се зборува дека станува збор за исклучително скапа артистка, која доколку ја ангажирале за настап на минатото Охридско лето наводно ќе чинела некаде околу 100.000 евра, но овој пат тоа беше овозможено со помош на Бугарската амбасада во земјава и други поддржувачи.