Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, со поддршка на Зегин и Младинскиот културен центар, имаат чест да Ве известат дека по повод отворање на месецот на Франкофонијата, ќе се одржи гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време”. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 март 2023, во 20 часот, во кино „Милениум” (ГТЦ, 1 кат).
Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. г-ѓа Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Р. С. Македонија.
Филмот е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција: награда за најдобар режисер и за најдобра актерка, 2 награди Цезар 2023 за најдобра монтажа и за најдобра музика (од 4-те номинации: за најдобра актерка, најдобра музика, најдобро сценарио и најдобра монтажа).
Што напишаа француските медиуми за филмот:
Моќна социјална филмска фреска. (Cinéma Teaser)
Право во целта, филм помоќен од било каков говор. (La Croix)
Ерик Гравел го држи гледачот во неизвесност до крајот на нескротливата трка со времето, портретирајќи притоа една модерна „хероина” наспроти незапирливиот ритам на секојдневието. (Télé 7 Jours)
Гала отворање на месецот на Франкофонијата- проекција на филмот „Со полно работно време“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.