четврток 21 ноември, 2024
Почетна КУЛТУРА Театар Народниот театар од Велес со премиера на претставата “Злосторство на 21 век“

Народниот театар од Велес со премиера на претставата “Злосторство на 21 век“

На големата сцена на велешкиот Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот” на 16 мај ( четврток) , премиерно ќе биде изведена претставата „Злосторството на 21 век” според текст на Едвард Бонд, во режија на Владимир Милчин и сценографија на Крсте С. Џидров.

Едвард Бонд е англиски драмски писател, театарски режисер, поет, теоретичар и сценарист, кој многумина го сметаа за еден од најважните живи драмски автори, отсекогаш  и останувал контроверзен, поради насилството прикажано во неговите пиеси, радикалноста на неговите ставови за модерниот театар и општеството.

 

Милчин за Едвард Бонд вели дека неговата пиеса довела да се укине цензурата, а тој со своите дела е провокативен и актуелен со проблеми што го мачат човештвото на целата Земјина топка.

– Една катастрофа е екологијата, а другата одземање на слободата, правата и терор и тоа што на луѓето им ја одзема човештината, а пеколот напредува и ја јаде Земјината топка и ги јаде луѓето, вели Милчин.

Во претставата играат  Маја Љутков , Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаиловски, костимографијата е на Марија Пупучевска, а музиката на Марјан Неќак, Постерот за претставата го нацрта Филип Коруновски.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }