Редакцијата на “КулАрт” ѝм се извинува на “Просветно дело”

Редакцијата на порталот КулАрт ѝм се извинува на “Просветно дело” за објавата на ден 17.02.2023 година, со наслов „Познато Тв лице отпуштена од работа поради бременост”.
Овој текст со истиот наслов е споделен на фејсбук страницата каде нема одобрен ниеден коментар под текстот.
Станува збор за преземен фејсбук статус од лице познато на телевизиската јавност, Магдалена Стојмановиќ, која обвинува дека не ѝ било продолжено решението за работа во споменатата издавачка куќа.
Цврсто Ве уверуваме дека не станува збор за никаква тенденциозност од наша страна со цел нанесување штета на угледот на Вашиот бренд.
На “Просветно дело” ѝм се извинуваме уште еднаш, порталот е секогаш тука да ја изнесува сечија вистина на виделина во интерес на јавноста.

Демантот Ви го објавуваме во целост.

Со почит, КулАрт

Демант:

Почитувани

Се обраќаме до Вас како главен и одговорен уредник во врска со текстот објавен на Вашиот портал http://www.kulart.mk и на Facebook страната „кулАрт.мк” на ден 17.02.2023 година, со наслов „Познато Тв лице отпуштена од работа поради бременост”.
ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје и г-ѓа Весна Дукоска ВО ЦЕЛОСТ ГИ ДЕМАНТИРААТ НЕВИСТИНИТИТЕ тврдења изнесени во наведениот наслов, како и невистинитите тврдења изнесени во текстот, а особено дека г-ѓа Магдалена СтојмановиК била отпуштена од работа од страна на Весна Дукоска, како и дека г-ѓа Стојмановиќ била отпуштена од работа поради тоа што била бремена.
Имено, прво, г-ѓа Весна Дукоска од Скопје е директор на комерцијалномаркетиншки сектор и главен уредник во ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје, и нема надлежност во носењето на одлуки во делот на човечки ресурси.
Второ, г-ѓа Стојмановиќ беше вработена во ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ со договор за вработување на определено време, почнувајќи од 19.12.2022 година, до 18.02.2023 година на работно место Продавач во продавница бр. 15 — Рамстор Мол.
Неколку дена пред истек на важноста на договорот за вработување, ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД СКОПЈЕ и понуди на г- ѓа Стојмановиќ (иако нема таква обврска) да работи како продавач во продавница бр. 21— Сити мол, а која понуда беше категорично одбиена од нејзина страна.
Согласно ова, ниту Весна Дукоска, ниту ПРОСВЕТНО ДЕЛО ја има ”отпуштено” од работа Стојмановиќ. Токму напротив, Договорот за вработување престана да важи поради истек на времето за кое е склучен, биеејќи истиот беше склучен на определено време, а со што г-ѓа Стојмановик е целосно запознаена, а и свесна за неговото значење.
ПРОСВЕТНО ДЕЛО АД Скопје во своето работење практикува високо ниво на корпоративна култура и општествена одговорност, и посветува особено внимание на развојот на човечкиот потенцијал. Исто така, како компанија што опстојува на пазарот скоро 80 години, посветуваме посебно внимание на нашата репутација и углед, а ваквите паушални, тенденциозни и невистинити текстови сериозно нё погодуваат, и како личности и како претприемачи.
Целосно стоиме зад нашиот став дека односот на ПРОСВЕТНО ДЕЛО кон г-ѓа Стојмановиќ, како и кон секој вработен, е целосно професионален, при што ги земавме предвид и личните околности на Стојмановиќ, и излеговме во пресрет во најголема можна мера. Договорот на Стојмановиќ престана да важи по сила на закон, и тоа само откако беа исцрпени сите други можности.
Согласно ова, освен што целосно е испочитувана законската регулатива, внимавано е и на принципите воспоставени со корпоративната култура на компанијата.
Со почит,
Скопје, 24.02.2023 година
Весна Дукоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.