7.издание на Интернационалниот литературен фестивал „Про-За Балкан“, што ќе биде отворен в недела (19 мај) во 20 часот во Даут-пашиниот амам во Скопје e богата и полна со вредни имиња од Балканскиот литературен свет. На Алек Попов и Ерџан Кесал им се придружуватаат и Теофил Панчиќ, Једрт Лапух Малежич, Светислав Басара, Тарик Туфан, Ивица Пртењача и Јагода Михајловска-Георгиева, а доаѓаат и уредниците Бетина Ворготер и Реџеп Хида и литературната агентка Катја Урбанија.
Годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“ за авторски придонес на литературата на Балканот е еден од водечките современи бугарски писатели Алек Попов. Во негова чест на 22 мај во Кинотеката, ќе биде прикажан филмот „Мисија Лондон“, во кој копродуцент е нашиот Огнен Антов а бугарскиот режисер Димитар Митовски го сними според сценариото на Алек Попов. Предвидено е и обраќање на Попов и панел со Александар Прокопиев.
Во рамки на целата програма е и средбата сос пецијалниот гостин Ерџан Кесал, сценарист на антологискиот победник на Кан од 2011, „Беше еднаш во Анадолија“ во Турскиот културен центар „Јонуз Емре “ на 20 мај (понеделник) од 17 до 18 часот!
Предвидени се дискусии со гостите од Србја (минатогодиншана лауреат Светислав Басара ) како и познатиот српски колумнист, новинар и писател Теофил Панчиќ…….. Целата програма на Фестивалот може да се види на официјалната веб страна на организаторот www.prozabalkan.mk.
„Про-За Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт медиа“. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, од ТРАДУКИ, делегацијата на ЕУ, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, амбасадите на Словенија, Хрватска, Бугарија и на Србија, Бугарскиот културно-информативен центар, Кинотеката, Национална галерија и винаријата „Бовин“.
Директор на фестивалот е Дејан Трајкоски, а уметнички директор е Александар Прокопиев. Претседател на одборот за доделување на наградата е Ермис Лафазановски, а продуцент – Никола Мадешовски