22.02.2023-Среда
ОО Црвен крст- Гевгелија во соработка со хотел-казино „Фламинго“ организираат крводарителска акција за вработените и граѓани од општина Гевгелија. Крводарителската акција ќе се одржи утре (23 февруари, 2023 година), во просториите на хотелказино „Фламинго“, во периодот од 10 до 16 часот. Граѓаните кои сакаат да бидат дел од втората по ред крводарителска акција во организација на ОО Црвен крст-Гевгелија и хотел-казино „Фламинго“ треба да го пријават своето учество за донирање крв на телефонскиот број 077 750 120.
Минатата година, на првата по ред крводарителска акција, која има за цел да прерасне и во традиционална, беа собрани 56 единици крв.
*
Ден е се одржа хуманитарната акција на Општина Гевгелија и ОО Црвен крст- Гевгелија за собирање на потребната помош на настраданите во Турција.. Пунктовите, на кои дежураа волонтерите од Клубот на млади при ОО Црвен крст- Гевгелија, на Градскиот плоштад за прибирање на донациите- прехранбени производи, средства за хигиена и останати потребни материјални средства се отворени во работните денови, во периодот од 12 до 16 часот. Граѓаните на општина Гевгелија, како и правните лица, можат да донираат намирници, хигиенски средства и останати материјални работи, согласно приложената листа на потребна помош.
Пакетот со намирници треба да содржи: брашно тип 400 (500 гр.), шеќер (900 грама), масло за јадење (0,900 л.), ситна сол (1 кг.), ориз (900 гр.), грав (900 гр.), конзервирана сардина (110 гр.), готова конзервирана храна (900 гр.), макарони (500 гр.), филтер чај нане (20/1), а рокот на трањето на производите да биде минимум 6 месеци.
Пакетот со средства за хигиена треба да содржи: детергент за машинско перење (1 л.), шампон за миење коса (100 гр.), тоалетен сапун (100 гр.), тоалетна хартија (4/1 ролна), санитарни влошки (10/1), паста за заби (100 мл.), крема за бричење (60 мл.), бикчиња за бричење (5/1), средство за миење садови (0,5 л.), влажни марамчиња (72/1) и четки за миење заби (1). Рокот на траење на производите треба да биде минимум 6 месеци.
Од материјалните добра, можат да се донираат: зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување и кујнски сетови.
Предвидено е пунктовните да бидат отворени уште една недела.