Македонските актери Сашко Коцев и Јелена Јованова се главните ѕвезди на словенечката комедија „Нешто слатко“ („Nekaj Sladkega“), чија светска премиера се одржа во киното Синеплекс во Љубљана, Словенија.
Коцев е копродуцент на филмот, а заедно со сценаристката Уршка Мајдич работеше и на сценариото. Јованова е копродуцент од Хрватскa.
Филмот е во режија на ТВ-ѕвездата и стендап-актерот Тин Водопивец за кој Коцев истакна дека се долгогофдини пријатели и соработници со кого настапувале на повеќе стенд-ап настапи ширум регионот. Во филмот се раскажува приказната за светски познат маркетинг адвертајзер од Македонија, Аце, кој треба да стигне на еден настан во Словенија, никако да стигне. Ова е прв филм жанровска комедија за Коцев кој признава дека воопшто не било лесно да го направи.
Јелена ја глуми Каја. Улогата била напишана за Словенка, но поради краткото време што го имале за адаптација, избрале улогата да биде за Хрватица која кратко време живее и работи во Љубљана. Филмот се снимаше во 2021 година среде пандемијата со коронавирусот. Во Македонија ќе пристигне во април во киното „Синеплекс“.