Гевгелија, 8 февруари 2023
По усвојувањето на Програмата за работа на ЛМС на Општина Гевгелија во 2023 година, членовите на Локалниот младински совет остварија работна средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. На средбата, стана збор за извршување на буџетот предвиден за реализација на активностите во Програмата за работа, со кои ќе се придонесе за подобрување на статусот на младите во општина Гевгелија.
Првенствено, за афирмација на Локалниот младински совет преку отворање на канцеларија за млади, со која на членовите ќе им се овозможат услови за непречено работење и координирање, спроведување и следење на сите прашања кои се од интерес на младите во делокругот на надлежностите на Општина Гевгелија.
Притоа, градоначалникот Сарамандов беше информиран и за претстојната јавна дебата „За сите млади кои имаат идеја“ во организација на ЛМС на Општина Гевгелија, која ќе се одржи на 9 февруари, 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, на која ќе учествуваат млади луѓе на возраст од 15 до 29 години.
Имено, Локалниот младински совет на Општина Гевгелија започна со афирмацијата на неговата работа преку продукција на поткасти на
***
Исто така, ООУ „Климент Охридски“- Миравци и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија се добитници на грант од Министертвото за образование и наука за реализација на активности кои придонесуваат за развој на унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранција во основните и средните училишта за учебната 2022/2023 година. Имено, ООУ „Климент Охридски“ во партнерство во ООУ „Атанас Нивичански“- Василево и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во партнерство со СЕПУГС „Арсени Јовков“- Скопје, каде наставата се изведува на македонски и албански јазик, во текот на учебната 2022/2023 година ќе го реализираат добиениот грант во висина од по 30.000 денари преку активности за одржлива меѓуетничка интеграција.
Основната цел на овие грантови е промовирање на добрите практики за активности, преку негувањето хармонични односи, темелени на почитување на разликите, притоа градејќи едно мултиетничко и мултикултурно општество, со што се овозможува градење на современи, успешни и ефективни воспитно-образовни установи кои ќе ги промовираат мултиетничките и мултикултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима и конструктивна повеќенасочна комуникација во пријатен и поттикнувачки училиштен амбиент.