Во Културно-Информативен Центар – Скопје, на 14.05.2019 (вторник) ќе биде промовирана книгата “Рана и јанза” од Ефтим Клетников.
Ефтим Клетников (Негрево, 1946) Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Спаѓа во редот на најкомплетните современи македонски писатели. Во изминатите четири децении објави петнаесет дела од областа на критиката и есејот, девет дела за деца и млади, седумнаесет стихозбирки, десет антологиски избори, преведе над педесет дела од руската, француската, српската и словенечката литература. Препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик. .Добитник е на повеќе книжевни награди. Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена е на неколку јазици.
Книгата “Рана и јанза” е компонирана од стотина есеи на тема Македонија-Европа,и ситуацијата во тој контекст на модерната цивилизација.
Книгата ќе ја промовираат, Ристо Никоски и Сотир Костов, извадоци ќе чита Александар Џуровски-артист, музичка изведба со Марјан Јанковски-кавал, а промоцијата ќе се одржи во Салон 19,19 од 19 и 19 часот.