НОВ ФИЛМ: “Јанѕа” за Конески

На големо задоволство на нестрпливата публика, веќе се најавува премиера на долгоочекуваниот филм Јанѕа”, работен според Дневникот на великанот Блаже Конески.
Преку сторијата за Конески документарецот зборува за милениумската македонска
ЈАНЅА…
Подготвуван е пет години. Во него се појавуваат 25 академици и домашни и странски универзитетски професори.
-Филмот беше заринкан во подводни лавиринти на суетите. Се надевам дека на почетокот на март ќе се одржи премиера во кино Милениум или во Филхармонија, најавува авторот Никола Т. Калајџиски, истакнат сценарист и режисер, најпознат по својата поранешна работа од Македонска радио телевизија.
Трае 101 минута.
Нестрпливо се очекува премиерата.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.