На 1. февруари, 2023 (среда) со претставата „Зрното грашок и принцезата“, актерскиот тандем Изабела Новотни и Владимир Лазовски, ќе го одбележат три деценискиот јубилеј од нивната плодна кариера како првовработени актери во ансамблот на Н.У. Театар за деца и младинци – Скопје. 30 години исполнети со најразлични театарски ролји, со кои се едуцираа и уживаа бројни генерации на детска публика.
– Пред три децении кога за се вработив, не бев свесна за авантурата во која се впуштам. Ентузијазмот што го имав тогаш, се уште ме држи и верувам дека ја оправдаме довербата како првовработени актери да креираме и создаваме квалитетни претстави во првиот и единствен државен театар за деца и младинци на македонски јазик, вели Изабела Новотни.
-Прекрасно е чувството да бидете дел од создавањето темели на едно сега веќе големо функционално семејство, кое неуморно соништата ги создава низ театарските претстави преку кои израснале бројни генерации, вели Владимир Лазовски.
Театарот за деца и младинци, со одлука на Владата во 1990 година е формиран како Национална институција и во првите години од формирањето претставите биле играни на најразлични сцени низ Скопје и низ земјата, но без официјално вработени актери.
Пред театарот да го формира својот уметнички ансабл, во него, заедно со тогашниот директор Љ.Чадиковски, вработени како административни соработници и имаат веќе имаат навршено 30 години во ТДМ беа, Виолета Димовска која што сеуште го дава својот придонес во ТДМ и нешто подоцна Софија Георгиевска, која веќе е во пензија.
Во 1993 година, со претставата „Зрното грашок и принцезата“ , од Атанaс Илков, а во режија на Срѓан Јанаќиевиќ во која играат Владимир Лазовски и Изабела Новотни, се означува и формално создавањето уметнички ансамбл на театарот со вработени актери, како и вработување на технички соработници. Премиерната изведба на претставата била изведена во Детската градинка „13 ноември“ во Скопје, а заради нејзината мобилност и камерен стил истата за многу кусо време учествува на бројни фестивали во Албанија, Бугарија, СР Југославија, Италија, Турција и освојува бројни награди и признанија, меѓу кои се издвојуваат: Наградата за претстава во целина на фестивалот „Буроборак“ во Смолен, Бугарија 1994 година, Наградата за естетско обликување на претставата на фестивалот во Суботица, 1995 година и други.
Заедно со вработувањето на првите актери, театарот ги бележи и вработувањата на Љубица Велкова, кројач која остава силни белези при реализација на сите раскошни костими за најразличните претстави во театарот, а исто толку години поминати во ТДМ оваа година ќе бележи и Ангеле Насковски, тон мајстор.
На 6. Февруари 1998 година, Театарот за деца и младинци конечно добива свој дом. Поранешниот воен ресторан „Вардар“ станува адаптиран сценски простор, од привремен карактер. Овој објект се уште како „привремено адаптиран театар“ е единствениот дом во кој вработените неуморно креираат и создаваат успешни претстави наменети за деца и младинци, цели 33 години и веруваат во „Сонот што трае“.
Изабела Новотни и Владимир Лазовски прославуваат 30 годишен во Театарот за деца и младинци
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.