Oпштина Гевгелија и СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија организираат Работилница на тема: „Социјален дијалог за упис во средно образование на општинско ниво“. Работилницата ќе биде одржана на 2 февруари, 2022 година, во просториите на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија (наставничка канцеларија), со почеток во 14:00 часот.
Целите на работилницата се успешно креирање образовни политики кои ќе одговараат на потребите на пазарот на трудот во општина Гевгелија, успешна подготовка на Конкурсот за упис на ученици во средно образование за учебната 2023/2024 година и унапредување на средното стручно образование.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.