На 25 јануари 2023 година во свечената сала на Офицерски дом при ЈОУ КИЦ Битола, на иницијатива на домаќините се оддржа тркалезна маса насловена како„Поврзаност на образованието, културата и уметноста” – Воспоставување на соработка во културните дејности со основните и средните училишта во Општина Битола.
Пред присутните директори на основните и средни училишта од Битола, директорот на ЈОУ КИЦ Битола, Лили Бошевска ја презентираше иницијативата, која вклучува тесна соработка на полето на културата и образованието, поддршка на културни иницијативи, копродкција, учество во манифестации, како и програми кои ќе значат градење правилен однос кон уметностите и создавање идна публика и професионалци.
Иницијативата доби општа поддршка од присутните, после што се пристапи кон потпишување на меморандум за соработка.
На овој начин КИЦ Битола ја доближува културата кон младите, покажувајќи активен однос кон нивните поненцијали и потреби. Иницијативата е поддржана од Општина Битола во рамките на програмата за 2023 година.
КИЦ Битола одржа тркалезна маса со тема за културата
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.