Денес Влатко Стефановски полни 66 години

Влатко Стефановски е роден на денешен ден во Прилеп, на 24 јануари 1957 година, музичар кој изведува македонски рок, поп , етно и џез, основач на „Влатко Стефановски Трио“, а пред тоа и еден од основачите на легендарната група „Леб и сол“. Прекар му е Патак.
Почнал со музика во 1974 година и е активен до ден денес.
Влатко, според податоците на Википедија, е роден во типично театарско семејство. Неговите родители, како уметници, често патувале, па така набрзо Стефановски се преселил во Скопје, во населбата Тафталиџе. Влатко Стефановски живее со своето семејство (која ја сочинуваат сопруга Гордана која го напушти овој свет пред неколку години, ќерката Ана и синот Јан) во Скопје, на улицата „Петре Пирузе“, број 15, во населбата Тафталиџе. Во рамките на неговиот дом, Стефановски го сместил неговото тонско студио „Езотерија“.
Заедно со Бодан Арсовски, Стефановски членувал во неколку скопски групи, како: ВИС „Јегуље“, „Ирис“ и „Брег“ (групата на легендарниот клавијатурист Мики Петковски). На почетокот на 1976 година Влатко Стефановски, Бодан Арсовски, Кокан Димушески и Димитар ја формирале групата „Леб и сол“ во која Стефановски бил гитарист, пејач, композитор и текстописец. За време на дваесетгодишното постоење, групата „Леб и сол“ снимила 12 албуми, една двојна компилација, и музика за различни намени: филмски и театарски претстави, како и телевизиски серии.
Како член на „Леб и сол“, Стефановски ги создал незаборавните песни: „Нисам твој“, „Таласна дужина“, „Кумова Слама“, „Жива рана“, „Кантри“, „Као какао“, „Скопје“, „Чекам кишу“, „Чукни во дрво“ итн.
Снимал л со своето трио, со Мирослав Тадиќ, со Џибони итн.). Во во 2004 година, Стефановски и Мирослав Тадиќ го снимиле албумот „Трета мајка“ на кој гостувал и бугарскиот музичар Теодосиј Спасов.
На 4 април 2014 година, Стефановски одржал концерт во Универзалната сала во Скопје, на кој го промовирал албумот „Сеир“, а на концертот настапиле бројни гости, како: Бајага, Џибони, Каролина Гочева и Раде Шербеџија. На 16 август 2014 година, во Хераклеја, Стефановски одржал концерт по повод 40 години од творештвото. Концертот бил дело од фестивалот „Битфест“. Два дена подоцна, на 18 август, во Куршумли ан, во Скопје, тој одржал концерт заедно со Мирослав Тадиќ.
На 21 март 2015 година, во „Универзалната сала“ во Скопје, Стефановски одржал концерт со Васко Атанасовски и Камерниот гудачки оркестар на словенечката филхармонија, насловен како „Fire and Ice“.
Како последица на интересот на Стефановски за разни музички жанрови, тој гостувал на албумите на повеќе групи и пејачи, како: хрватската група „Филм“, Жељко Бебек, Васко Серафимовски, Оливер Мандиќ, Бојан Зулфикарпашиќ, Вања Лазарова, Владо Јаневски, Џибони (на албумите „Јуди, звири и бештимјe” и “Миракул“).
Во текот на својата долга музичка кариера Влатко Стефановски добил повеќе награди, како: Естрадната награда на Југославија,
наградата (за животно дело) Трајни вредности во Македонија,наградата на Стериино позорје, за музиката во претставата Ослободување на Скопје,три награди „Златен грамофон“ на фестивалот „Месам ’87“…

Дискографија:

Cowboys & Indians (Third Ear Music, 1994.)
Sarajevo (Third Ear Music, 1996.)
Gipsy Magic (Third Ear Music, 1997.)
Крушево – заедно со Мирослав Тадиќ (MA Recordings, 1998.)
Влатко Стефановски Трио (Third Ear Music, 1998.)
Live in Belgrade – заедно со Мирослав Тадиќ (Third Ear Music, 2000.)
Кино Култура (Third Ear Music, 2001.)
Treta majka (Avalon, 2004)
Сеир (2014.)
Мајчин јазик (2017.)
Taftalidze Shuffle (Croatia Records, 2020.)

***

Филмографија:

Шмекер (режија: Зоран Амар, 1985. југословенски)
За срећу је потребно троје (Рајко Грлиќ, 1986. југословенски)
Заборављени (Дарко Бајиќ, 1989. југословенски)
Клопка (Суада Капиќ, 1990. југословенски)
Почетни ударац (Дарко Бајиќ, 1991. југословенски)
Suicide guide (Ербил Алтанај, 1996. македонски)
Небо гори модро (Јуре Первање, 1996. словенeчки)
Џипси меџик (Столе Попов, 1997. македонски)
3 summer days (Мирјана Вукомановиќ, 1997. југословенски)
Journey to the sun (Yesim Ustaoglu, 1998. турски)
Skyhook (Љубиша Самарџиќ, 2000. југословенски)
Серафин, светионичарев син (Вицко Руњиќ, 2002. хрватски).
До балчак (Столе Попов, 2014. македонски)
Деца на сонцето (Антонио Митриќески, 2014. македонски)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.