СмартАП ги објави успесите од 2022 година

СмартАп ја објави седмата епизода, во која објавува си кои активности успешно ја финализираа 2022 година!
Тоа се, ги цитираме самите нив:
-InnoFin – Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија
Во месец ноември започнавме со проектот чија цел е да ја поддржи транзицијата кон обновливите извори на енергија, каде што граѓаните поседуваат или учествуваат во производството и/или користењето одржлива енергија – „ИнноФин – Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија“.
Во декември ја одржавме третата, воедно и последна, интерактивна работилница на која заедно со учесниците ги разгледавме и анализиравме креираните модели за кофинансирање во рамките на овој проект.
Фокусот беше ставен на анализирање на алатките за понатамошното развивање на модлот за кофинансирање во чиј главен фокус беа: донации; кредити; обврзници; инвестирање преку акции.
Градови на иднината во Југоисточна Европа
Во изминатите четири години, заедно со партнерите од Крижевци, Марибор и Ниш активно работиме на поддржување на локалните заедници во трансформирање на нашите градови во најдобрите места за живот, работа и посета, во рамките на проектот „Градови на иднината во Југоисточна Европа“.
Заедно со тимовите од останатите градови, преку практична работа, истражување, експериментирање и граѓанско учество, имавме можност да создадеме знаења и вештини за како успешно да се почне и поддржи процесот на зелена трансформација.
На овој вебинар ја презентиравме услугата која ја развивме во рамките на проектот ‘Green Acceleration Programme’, наменета за сите заедници, општини и градови кои целат кон отпочнување на процес на зелена трансформација – Green Acceleration Programme (GAP).
ENERBUILD
Постои јасна потреба за развој на иновативни алатки како што е системот за енергетска оптимизација Enerbuild, пилот проект финансиран со 75% од EIT Climate-KIC, европска заедница посветена на потрагата по технолошки решенија за борба против климатските промени, која има цел да намалување на потрошувачката на енергија на зградите.
Овој пилот проект, кој комбинира технологија за паметно градење ги претставува заштедите што оваа европска иницијатива може да ги постигне.
За таа цел, заедно со останатите партнери во вклучени во оваа европска иницијатива одржавме хибриден технички семинар на кој ги презентиравме резултатите собрани од Enerbuild – иницијатива која предлага борба против климатските промени со потпирање на технологијата за паметно градење.
Крајот на 2022 година за СмартАпџии беше доста активен.Почетокот на месецот кој е синоним за празнична еуфоријам го обележаа неколку значајни нешта, меѓу кои е и прославувањето една година откако на нашиот SmartUpTeam се придружи нашиот специјалист за социјални медиуми!
Прославуваме една година откако колешката Елена се придружи на нашиот тим Дозволете ни да го претставиме нашиот Специјалист за социјални медиуми – Елена Цветковска, една од личностите која стои зад содржината која ја читате и гледате на профилите на СмартАп.
Елена се придружи кон тимот на СмартАп во декември 2022 година. Гледајќи ретроспективно, досега има спроведено над 10 маркетинг кампањи во склоп на проектните активности на СмартАп и ЕДУИНО, а на прашањето кои кампањи ѝ се најдраги, таа ги издвои кампањите на промоција на „Креативниот Бизнис Куп Северна Македонија 2022“ и „Распуст на ЕДУТУРН со Летунка и Летун“.
Денес Елена активно работи на спроведување на кампањата за промоција на дигиталните едукативни игри кои се дел од платформата ЕДУИНО Настава, како и на содржината која ќе ја читате и гледате во следниот период на профилите на социјалните медиуми на СмартАп.
ЕДУИНО Ран детски развој | Информативна брошура за раниот детски развој и колективниот портал ЕДУИНО
Во изминатиот период, тимот на СмартАп и тимот на ЕДУИНО, посветено работеа на креирање нов вид дигитален ресурс во склоп на платформата ЕДУИНО Ран детски развој – Информативна брошура за раниот детски развој и колективниот портал ЕДУИНО.
Оваа брошура е наменета за воспитувачи, наставници и родители и содржи едукативни игровни активности наменети за изведба во градинка, на училиште и во домашни услови, сегментирани во четири концепти кои го поттикнуваат правилниот ран детски развој:
– поттикнување на здравјето и моторичкиот развој на децата;
– поттикнување на социо-емоционалниот развој на децата;
– поттикнување на јазикот, комуникацијата и развојот на писменост;
– поттикнување на когнитивниот развој и стекнување општи знаења.
Во „Информативната брошура за раниот детски развој и колективниот портал ЕДУИНО“ може подетално да се запознаете со:
Што претставува платформата Ран детски развој и за кого е наменета истата;
Што сè овозможува платформата Ран детски развој;
Практичната примена на едукативните игровни активности.
„Информативната брошура за раниот детски развој и колективниот портал ЕДУИНО“ е бесплатна и може да се преземе преку следниот линк.
„Информативната бршура за раниот детски развој и колективниот портал ЕДУИНО“ е изработена со поддршка на соработниците и партнерите на ЕДУИНО – Колективен портал за дигитални содржини: Биро за развој на образованието (БРО), Министерство за труд и социјална политика (МТСП), Министерство за образование и наука (МОН), Бладата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје, СмартАп – Лабораторија за социјални иновации, УНИЦЕФ и Европската Унија.
Почетокот на новата година значи и постепено враќање на работните обврски, па затоа работната пауза е одлична можност да ги посетите нашите социјални мрежи за да ги дознаете сите возбудливи нешта кои се случуваат овој месец, велат тие.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.