Песни од македонскиот писател Стефан Марковски се застапени во првиот број за 2023 година од естонското списание за литература, наука, историја, култура и филозофија Akadeemia, кое излегува на месечно ниво во универзитетски центар во земјата, Тарту.
Песните кои се извадок од објавеното творештво на Марковски се препеани на естонски јазик од Јури Талвет, емеритус професор по компаративна книжевност на Универзитетот во Тарту.
Списанието Akadeemia излегува од 1989-та година во издание на естонскиот весник Sirp.
Од 1990-та година излегува како месечник.
Претходник на сегашното е истоименото списание списание на студентски друштва кое излегувало во Тарту од 1937 до 1940 година, во чија редакција учествувале познатите естонски интелектуалци и академици Ханс Круус и Алфред Коорт, како и естонскиот државник Антс Пиип (1920-1921).
Содржината на првиот број за 2023 година од списанието е достапна на веб-сајтот: https://www.akad.ee/2022/12/23/akadeemia-nr-1-2023/
Песни од Стефан Марковски објавени во естонското списание „Академија”
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.