Црвен крст- ОО Гевгелија, како давател на услугата- лична асистенција, во соработка со Општина Гевгелија и Општина Богданци, а во рамки на реализацијата на Проектот за подобрување на социјални услуги, објави Јавен конкурс за обука на лични асистенти на лица со попреченост.
Заинтересираните лица кои сакаат да ја посетат обуката и да се стекнат со сертификат за личен асистент на лица со попреченост, треба да се пријават до 20 јануари, 2023 година, во Општинската организација на Црвен крст Гевгелија или пополнетата пријава да ја достават електронски на меилот: [email protected].
Обуките ќе траат три месеци.
За подетални информации, заинтересираните кандидати можат да се обратат на тел. броеви: 077 750 120 или 077 699 036, секој работен ден, од 08 до 16 часот.
Објавен конкурс за обука на лични асистенти на лица со попреченост
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.