Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ почна со програмата „Зимски МакеДокс“, со која онлајн се прикажуваат победниците на фестивалите на четири основачи на документарната мрежа „Doc Around Europe“.
Како нова иницијатива, програмата „Зимски МакеДокс“ се лансира со цел да го зголеми интересот за онлајн гледање креативни документарни филмови.
Наградените документарни филмови на четири европски фестивали од мрежата „Doc Around Europe“ може бесплатно да се гледаат 30 дена, на Gley.TV – https://gley.mk/, заклучно со 20 јануари 2023 година.
*Пристап до филмовите е возможен без активна претплата на платформата „Глеј (Gley)“.
Достапни за онлајн гледање се документарните филмови „Ќерките на Зухур“ (2021 / 89’ / Германија) во режија на Лауренција Генске и Робин Хумболт (победник на „ДОК.фест Минхен“), „Господарките на шумата“ (2021 / 90’ / Франција) во режија на Клаус Дрексел (победник на „ФИПАдок“), „Тајната на доктор Гринбер“ (2020 / 91’ / Шпанија) во режија на Ида Куеља (победник на „ДоксБарселона“) и „Дида“ (2021 / 78’ / Швајцарија) во режија на Никола Илиќ и Корина Швингрубер Илиќ (победник на „МакеДокс“).
Основачи на мрежата на фестивали на документарни филмови „Doc Around Europe“ се „ДОК.фест Минхен“ (Германија), „ФИПАдок“ (Франција), „ДоксБарселона“ (Шпанија) и „МакеДокс“ (Северна Македонија), а годинава на мрежата се приклучи и фестивалот „Верзио“ (Унгарија).
Почна програмата „Зимски МакеДокс“- Бесплатно гледајте документарни филмови онлајн на платформата „Глеј“
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.