На редовното Изборното Собрание на Здружението МНК ИКОМ, одржано на ден 26.12.2022 година во НУ Музеј на Република Северна Македонија, за претседател на МНК ИКОМ е избран Благоја Варошанец (НУ Музеј на современата уметност-Скопје, за секретар Ана Вишинова (НУ Музеј на македонската борба за самостојност-Скопје), и за членови на Извршниот одбор Страхил Петровски (НУ Национален конзерваторски центар Скопје), Наде Геневска Брачиќ (НУ Завод и Музеј Битола) и Валентина Тодороска (НУ Археолошки музеј на Р.Северна Македонија), а за Претседател на Собрание на МНК ИКОМ е избрана Ирена Колиштркоска Настева (археолог-пензионер), со мандат од 2023-2025 година.
Меѓународниот совет на музеите (ИКОМ) со седиште во Париз е меѓународна мрежа на музеи и музејски професионалци формирана во 1946 година, која денес брои над 40.000 професионални индивидуални членови во над 141 земја во светот, 119 национални комитети и 30 меѓународни комитети. ИКОМ го востановил Меѓународниот ден на музеите во 1977 година, со цел да ја подигне јавната свест за улогата на музеите во развојот на општеството, и оттогаш овој настан постојано добива на значење.
ИКОМ – Меѓународен совет на музеите е организација формирана со цел да се создаде мрежа на музеи и на музејски професионалци од земјите од целиот свет, кои се грижат за културното и за природното наследство. Во таа мрежа се вклучила и Република Северна Македонија со формирањето на Македонскиот национален комитет на 12 мај 1993 година и тој е верификуван од Извршниот совет на ИКОМ во Париз.
Благоја Варошанец избран за претседател на МНК ИКОМ
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.