Новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила

На 28 декември (среда) во 20:00 часот во Македонска филхармонија ќе се одржи
новогодишен концерт на ЗЏМ биг бенд и Луис Бонила. Вистинско празнично уживање
љубителите на латино џез призвукот и познавачите на добриот џез.
Луис Бонила е реномиран американски џез тромбонист, по потекло од Костарика. Тој
повеќекратен добитник на Греми награди, продуцент, композитор, аранжер и професор. Низ плодната кариера на бројни изданија остварува соработки со некои од најголемите имиња во историјата на џезот: Вангард џез оркестра, Мингус биг бенд, Мекој Тајнер, Дизи Гилеспи, Лестер Боуви, Том Харел, Фреди Хабард, Аструд Гилберто, Вили Колон и Тошико Акијоши.
Билетите за настанот се достапни на продажните мрежи на МК тикетс и Купи карти за сѐ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.